Како загинал полскиот претседател: Генерал му вика на пилотот “Ајде, имаш доволно место”


Пилотите на авионот во кој бил полскиот претседател Лех Качински, и кој во 2010. година се урнал во Смољенск во Русија, биле изложени на притисок од полските лидери во пилотската кабина да слетаат и покрај густата магла, покажало новото вештачење, кое денес го пренело радиото RMF FM.

Речиси пет години по несреќата, во Полска сè уште кружат теории на заговор, најмногу во конзервативната партија “ПиС” на Јарослав Качински, брат близнак на загинатиот претседател.nesrekja-2010-polski-pretsedatel-01

Според транскриптот и аудио-записите од една од црните кутии, кои експертите повторно ги дешифрирале, главниот командант на воздушните сили, генералот Андржеј Бласик бил во пилотската кабина во последните минути од летот, се до неговото трагично завршување.

“Факт е дека на крајот ќе мора тоа да го направиме”, рекол шест минути пред ударот во земја, повторувајќи ја реченицата која десет минути претходно ја изрекол шефот на протоколот во министерството за надворешни работи, исто така во пилотската кабина.

“Ајде, имаш доволно место!”, му рекол генералот Бласик на пилотот на висина од 300 метри. Изгледа дека тоа било поттик за продолжување на слетувањето.

Пилотите во последните моменти залудно се обидувале од кабината да ги оддалечат лицата кои не биле членови на екипажот, може да се слушне на транскриптот објавен на интернет страната на радиото RMF FM.

Во несреќата на 10. април 2010. година, загинале претседателот Качински, неговата сопруга и уште 94 лица, меѓу кои високи воени и политички службеници

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1