Селанец од Непал по грешка го убил својот дванаесетгодишен син мислејќи дека е мајмун кој му ја крадел овошјето.
Чилтра Бахандур Пулами се качил на стебло за да ги избрка мајмуните, но неговиот татко го заменил со оние животни и го убил со неговата пушка.
Од локалната полиција велат дека момчето починало на самото место, а според првите резултати од истрагата неговиот татко навистина не си го препознал синот во моментот кога пукал во него.
„Сватив дека направив грешка кога мојот син падна и остана да виси на една гранка“, изјави уапсениот Гупта Бухадур. Истрагата е во тек.