Интерпол денеска објави светска тревога поради 2,4 динитрофенол (DNP) препарат кој се користи како диететски производ и за зголемување на мускулната маса.
Мрежата за полициска соработка се реши на ваков чекор откако една жена почина во Велика Британија а еден француски државјанин е во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.
Овој препарат најчесто се наоѓа во продажба во облик на жолт прав или капсула.
Ризиците поврзани со неговото користење се се поголем и поради стартот на неговото илегално производство во домашни лаборатории.
Тревога од претпоследна, портокалова фаза е објавена во 190 земји членки на Интерпол, меѓу кои и Македонија.
Kurir.mk