Скопјанка паднала во провалија додека се местела да се слика на Кокино


Скопјанка се здобила со сериозни повреди по телото, откако паднала од карпите на мегалитската опсерваторија Кокино, додека се местела да се слика.

Инцидентот се случил завчера во 10.30 чатот, кога В.Ј. (44) од Скопје, заедно со своите малолоетни ќерки заминала во обиколка на Кокино, пренесува Вест. Додека се обидувала да завземе што подобра позиција за фотографирање, се одронила карпата, по што паднала во провалија длабока 17.5 метри. Се тркалала низ големата стрмнина на планината до подножјето. Избезумените деца дотрчале да и помогнат. Веднаш повикале полиција, која дошла со Итна помош и повредената ја пренеле во кумановската болница.kokino

-Пациентката е донесена со набиеници по телото, повреди на главата и на десната потколеница. Примена е на нашето одделение, пружена и е медицинска помош. Откако примила инфузија пуштена е на домашно лекување, изјави дежурниот лекар на хируршкото одделение во Општата болница Куманово.

Ова не е првпат да интервенираат кај пациент со повреди задобиени на Кокино. Пред 2-3 години, од карпите паднало десет годишно дете од Струмица, ученик во шесто одделение кој со своето училиште дошол на екскурзија. Додека се качувале по угорнината, неколку деца се збуткале и момчето се стркалало. Се здобило со сериозна повреда, отворена рана на коленото.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1