Од 10 години до доживотен затвор – Обвинение против трикратниот убиец од Кавадарци


По спроведена темелна истрага, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес поднесе Обвиненителен акт за едно лице за сторени  три кривични дела Убиство, за кои согласно Кривичниот законик е пропишана казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.

Илија, Билјана и Снежана Леови беа убиени во семејната куќа од нивниот зет Тони Станоев. Полицијата успеа да го фати Станоев , кој беше во бегство.10665393_4750444175691_97767198190097115_n

Обвинетиот  тројното убиство  го извршил на ден 09.11.2014 година околу 16.00 часот во семејната куќа на жртвите. Тој бил дојден во куќата со намера да разговара со сопругата, која по прекин на брачната заедница  престојувала во куќата на жртвите. По пристигнувањето на обвинетиот, а во отсуство на поранешната сопруга,  настанала вербална расправија помеѓу обвинетиот и мајката и сестрата на сопругата, сега починати лица. Во момент на меѓусебно туркање и влечење за облека, од јакната на обвинетиот испаднал пиштол кој тој го употребил и им нанел на двете жртви огнострелни повреди.

Потоа обвинетиот се качил на катот од куќата и на влезот од собата испукал еден куршум  во таткото на неговата сопруга , нанесувајќи му огнострелна повреда.

Како резултат на здобиените повреди мајката и таткото починале веднаш, додека на сестрата и била укажана помош и била пренесена во болница во Кавадарци каде подоцна им подлегнала на повредите.

Обвинетиот по извршувањето на кривичното дело беше недостапен за органите на прогонот. Истиот е пронајден два дена подоцна.toni

Тони беше уапсен на градските гробишта во Кавадарци, откако во неделата со пиштол кој го поседувал со дозвола, со по еден куршум ги уби родителите и сестрата на својата поранешна сопруга Данче. Неговите жртви се Илија (61), неговата сопруга 56-годишната Билјана и нивната ќерка Снежана (33).

Кај Тони беше пронајден и пиштолот во кој имало уште два куршуми.

Во  текот на истрагата се утврди дека обвинетиот повеќе пати бил пријавуван како лице кое упатувало закани кон своите блиски и блиските на неговата сопруга, како и дека е извршител на семејно насилство кон сопругата.

Имајќи ги предвид видот и тежината на сторените кривични дела и запретената казна за истите, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Велес достави и Предлог за продолжување на мерката – Притвор спрема обвинетиот. ​

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1