Објавена тревога и за Македонија за диететски производ опасен по живот


Интерпол денеска објави светска тревога поради 2,4 динитрофенол (DNP) препарат кој се користи како диететски производ и за зголемување на мускулната маса.

Мрежата за полициска соработка се реши на ваков чекор откако  една жена почина во Велика Британија а еден француски државјанин е во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.apcinja dieta

Овој препарат најчесто се наоѓа во продажба во облик на жолт прав или капсула.

Ризиците поврзани со неговото користење се се поголем и поради стартот на неговото илегално производство во домашни лаборатории.

Тревога од претпоследна, портокалова фаза е објавена во 190 земји членки на Интерпол, меѓу кои и Македонија.

Kurir.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1