„Јупитер“ им се извинува на патниците и ќе им ги врати парите


Туристичката агенција „Јупитер“ им се извинува на патниците и сите кои беа изложени на стрес и паника по случувањата изминатиот викенд во Истанбул.

Агенцијата соопшти дека патниците се безбедно вратени дома и оти ќе ги врати парите за нереализираните факултативи од Истанбул по поднесувањето на приговор во деловните простории на Т.А. „Јупитер“ во законскиот рок, за непрофесионалност од вработен во локалниот тур оператор.444

Преку соопштение агенцијата појаснува дека средствата за сместување на македонските патници во Истанбул биле уплатени еден месец пред патувањето, но оти од непознати причини локалниот тур оператор не ги уплатил целосно во еден од хотелите, за настанал проблемот.

– Држењето пасоши на македонските патници е недозволиво и казниво, па затоа преставници на агенцијата повика претставник на конзулатот на Македонија во Истанбул, повика полиција и доби асистенција од Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Менаџментот на Т.А. „Јупитер“ деновиве ќе бидат контунуирано на релација Скопје – Истанбул, со цел да се допроцесира целосната истрага во врска со незаконското држењето на пасошите на нашите патници, како и да се разреши недоразбирањето со хотелот. Правдата за целиот случај ќе ја бараме на суд, посочува Т.А. „Јупитер“.

Тие демантираат дека 400 луѓе биле држени во заложништво и оти се одредени казни затвор и забрани за влез во Турција на преставници од агенцијата.

Според Т.А. Јупитер, пред оваа биле реализирани неколку успешни тури за Истанбул, каде отпатувале околу 900 патници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1