Осумнаесет годишниот Пол Бикл извршил самоубисто по конфликтот со мајка му поради компјутерски игри.
Бидејќи мајка му се пожалила на големата врева, почнал да псуе и вика по неа, па вревата станала уште понеподнослива.
– Доколку не го запреш ова, ќе го исклучам, се заканила мајката и ја прекинала интернет конекцијата, по што Пол излегол од куќата.
Неколку часа подоцна, полицијата се појавила на нејзината врата и ја информирала мајката дека синот загинал скокајќи од мосот.
Дона Браун е свесна дека не е виновна за смртта на нејзиниот син кој се лекувал од клиничка депресија. Тој имал проблеми со опсесивно-компулсивно нарушување.