Лубиц на денот на несреќата вежбал уривање на авион


Андреас Лубиц, копилотот осомничен дека намерно го урнал авионот на компанијата „Џерманингс“, при што загинаа 150 луѓе, на претходниот лет вежбал како се урива авион, објави денеска „Билд“.avion kopilot

Германскиот весник се повикува на неименуван извор во француската агенција БЕА која го истражува случајот.

Обвинителството смета дека Лубиц (27), копилот на летот од Барселона за Диселдорф, на 24 март го заклучил пилотот во кокпитот и го урнал авионот.

Лубиц страдал од тешка депресија, а при претресот на компјутерот во неговиот стан утврдено е дека пред несреќата на интернет истражувал начини за самоубиство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1