„Браќа Миладиновци“: Демонстранти, бегајќи од полицијата, влегле во библиотеката


Во дворот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и на приземниот кат од библиотечниот објект, вчеравечер, половина час пред полноќ, дошло до краток неред и нарушување на работата во читалните откако група демонстранти, веројатно дел од толпата која што протестираше пред Владата на Република Македонија, бегајќи пред полицијата по улицата „Партизански одреди“, влегле во дворот и просториите на библиотеката, соопшти Градската библиотека.

Screenshot_132

Од таму велат дека по кратката интервенција на полицијата одново се воспоставени нормалните услови за работа во читалните на Библиотеката.

„Како што е познато, поради традиционална популарност која што ја имаат кај средношколците и студентите, читалните на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ веќе десетина години за членовите на библиотеката се отворени 24 часа и во саботите и неделите“, се наведува во соопштението од библиотеката „Браќа Миладиновци“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1