Илјадници ничии сметки во швајцарските банки – на нив има пари а никој не ги бара


Илјадници неактивни сметки „спијат“ во швајцарските банки повеќе од половина век, од што корист можат да имаат само банките. Швајцарските банки откриле илјадници отворени сметки пред 1955 година, кои од тогаш воопшто не се активни, пренесува германскиот весник Велт ам Зонтаг.Stacks_of_money

 

Истрагата на швајцарската Асоцијација на банки покажала дека ниту временски, ниту географски овие сметки не се поврзани со национал-социјализмот во Германија. Според нив се работи за швајцарски и странски клиенти.

Овие сметки излегле на виделина по усвојувањето на новиот закон, кој ги обврзува банките да направат анкета за сметките на кои нема активност подолго од 50 години.

„Банките сега можат да побараат право на преземање на тие суми на пари, кои не се подигани повеќе од половина века, инаку би завршиле во рацете на државата“, објаснил портпаролот на Асоцијацијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1