Откако протестот за Мартин Нешкоски формално пред еден час е завршен, група хулигани меѓу кои и навивачи со шишиња фрлаат кон Собранието во моментов, додека активистите ги убедуваат да се повлечат и со жив штит ја бранат полицијата.
Група хулигани кои во моментов се пред Собранието вербално ги напаѓаат и им се закануваат на новинарските екипи кои се обидуваат да ги снимаат и фотографираат, јавува НоваТВ
Во моментов, активистите се обидуваат да ги убедат хулиганите да се повлечат.