Демонстранти почнаа да маваат со стаклени шишиња, полицаец погоден во глава


Демонстрантите започнаа да предизвикуваат инциденти и на денешниот протест пред Собранието, кој досега течеше мирно и без посериозни нарушувања на мирот.protest vlada policija

Иако поголем дел од демонстрантите го напуштија протестот отккако беше соопштено дека истиот е завршен, сепак помала група повторно почна да прави нереди налик на вчерашните, да мава со стаклени шишиња пред Собранието и со јајца кон Законодавниот дом, пишува Курир.

Насилните демонстранти најпрво започнаа да фрлаат со јајца кон Парламентот, а потоа и со стаклени шишиња, по што еден од полициските службеници беше погоден со шише во главата.

Дел од луѓето кои протестираат пред Собранието против полициска бруталност со шишиња гаѓаат кон зградата на Собрание, тие носат маици или превези преку главите. Најголем дел од граѓаните на нив гледаат на провокатори и повикуваат да не се употребува сила против полицијата. Дел од демонстрантите поставија и жив штит пред полицајците со цел да спречат тие да бидат нападнати. Претходно по некое јајце упатија поединци од демонстрантите кон зградата на Собрание, а фрлија и запален факел, по што полицискиот кордон ги зби своите редови.

За време на вчерашните насилни протести беа повредени дури 38 полицајци, од кои шест потешко.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1