Трендо во бомбите – им пиша на сите сеирџии


Во последната бомба на Заев, во еден дел од муабетот со неговата шефица, Иво Котевски ѝ кажува на Гордана Јанкуловска дека сме се договарале да го шупчиме Горан Теменугов, долгогодишен новинар, моментално во Алсат.

TРЕНДО се огласи за ова .. еве дел од пишуваното – а целиот текст прочитајте го на Off.net.mk

Немонтирано, нелепено и недодавано: Да, потврдувам дека е вистина, сме зборувале за тоа. И пазете, не само што сме зборувале туку и сме го правеле тоа! Горан ги добил тие пораки, Горан вратил на тие пораки, со слични заебанции. Кој уствари денес дознава вистина кога вистината за Трендо и Иво околу планот со Горан, веќе ја знае Горан? Што и кој дознава овде, побогу?

Сме го правеле тоа тие денови, години пред тие денови, го правиме години после тие денови. И тој нас, нормално, сам или во коалиција со некој од нас двајца.Trendo

Кој е кој во приказнава?

Јас сум Трендо. Го пишувам ова мада ич не ми е мерак, пошто е многу глупо.

Иво е оној од МВР. Прво вработување како новинар го имал кај мене, тоест јас сум го примил на работа, кога бев уредник на вести во Канал 5.

Горан Теменугов ми дојде до истата редакција во Канал 5, од МТВ; порано или подоцна од Иво, не памтам.

И видете го сега чудото на денот: јас и Иво сме збореле да го лупаме Теменугов. Што, да ја знаете целата вистина бидејќи ја заслужувате (не), на врло голем ќеиф и сме го направил. Имате тројца пријатели, двајца од нив се договарале да го зезаат третиот. Овој ѝ кажува на шефицата за тоа. Јас сум им го кажал тоа на моиве од Трендоленд.

Така е. И?

Драги мои хејтери и за твит подраги хејтерки, јас за Фокус имам напишано повеќе отколку што вие во Фокус имате прочитано.

И што друго да ви кажам за мрачниот заговор – Трендо и полицаецот Иво Котевски версус новинарот Горан Теменугов? Што да ви кажам за еден муабет што сте го чуле во бомбите на Заев во кој едниот пријател зборува дека со вториот пријател се договарале да го ребрачат третиот пријател?

И ќе се ребрачиме и ќе се сакаме, години и години после ова, да сме живи и здрави. Вие како стоите со пријателите? Се сакате и се ребрачите ли меѓусебе како ние тројца? Си пуштате смс пранкови и заебанции? Пробајте, знае тоа да биде забавно.

Штета, овој ден требаше да биде посветен на вистината за смртта на Никола Младенов. А не јас да ви раскажувам што к***ц правам со мои пријатели.

Ама, тоа е, си бараат луѓето објаснување.

Ете ви го.

Трендо за Off.net.mk,
пријател со Иво и Горан

п.с. Најжалното го оставив за најдолу:

Како се пали руљата, па војна можат да ви направат за крив ку**ц бе абдали едни бесвесни!

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1