Се превртело возило на АРМ, повредени двајца војници


Сообраќајна несреќа денеска се случи на магистралниот пат Скопје-Гевгелија кај манастирот „Св.Атанасиј“ во која од неразјаснети причини се превртело патничко моторно возило марка „ланд ровер дефендер“, сопственост на Армијата, кое го управувал професионален војник-возач, а во кое имало уште четворица сопатници. Возилото се движело по магистралниот пат од Скопје кон село Фурка, соопшти Основното јавно обвинителство.arm

Повредени во сообраќајната незгода се возачот на возилото и совозачот, а другите три лица се пожалиле на набиеници по телото. Повредените по укажаната лекарска помош во Медицински центар во Гевгелија, се префрлени на клиниките во Скопје.

„Од страна на надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гевгелија извршен е увид на лице место, при што се издадени наредби за фотографирање, скицирање на местото на несреќата, вонреден технички преглед на возилото, земање на крв на возачот и земени се првично искази од сите учесници во сообраќајната незгода. Воената опрема, која се наоѓала во возилото на АРМ, по Наредба на обвинителот на Записник е предадена од страна на Полициската станица – Валандово на службените лица на АРМ кои дојдоа на лице место“, се наведува во соошпштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1