Неколку стотина граѓани во моментов се дел од мирниот протест против полициска бруталност, кој започна попладнево пред споменикот на „Свети Кирил и Методиј“ во Охрид. Демонстрантите носат транпаренти со различни пароли, а протестот го обезбедува полицијата, јавува Ohridnews
Овој собир беше организиран преку социјалните мрежи, а во моментот демонстрантите се движат кон Секторот на внатрешни работи во Охрид, каде што мирно ќе го изразат своето незадовослство.
Освен во Охрид вакви собири истовремено се организирани и во Скопје, Битола, Прилеп, Струмица и уште во неколку други градови низ Македонија.