Протест против полициска бруталност се префли пред Собрание, откако денеска демонстрантите беа спречени да протестираат пред Влада, пред МВР и пред зградата во која живее премиерот Никола Груевски.
Пред собрание се собрани неколку илјади луѓе кои извикуваат „Оставки“, „Нема правда, нема мир“, „Грујо оди си“.