Манг во 2012 година бил осуден на доживотна робија затоа што извршил две убиства, четири пати имал обид за ликвидација и направил уште неколку други криминални дела на југот од шведскиот град Малме во периодот од 2009 до 2010 година
Повеќето жртви на Манг биле луѓе кои не потекнуваат од Шведска, а многу пати се споредил себе си со Адолф Хитлер. Тој ги сметал новодојденците за мајмуни, пишува во неговата автобиографија со име „Мојата авантура во Шведска“.
Исто така, тој изнел во книгата дека негова наредна цел бил фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, кој пораснал во Малме. Манг го здогледал црвеното Ферари на Ибрахимовиќ кое било непрописно паркирано во 2010 година во Содерварн, а потоа пошол дома по пиштол за да го убие, затоа што фудбалерот се однесувал како „класичен Балканец“.
Кога убиецот се вратил со огнено оружје, автомобилот на Златан Ибрахимовиќ веќе не бил на тоа место, а потоа Манг одлучил, без никаква причина, да пука во луѓето, автомобилите и зградите во Содерварн.