Полицијата со возила врши евакуација на населението од кумановската населба „Дива населба“, каде ситуацијата е најопасна.
Таму се уште трае полициската акција на МВР која започна рано утрово против вооружена терористичка група.
Полицијата евакуира граѓани, жени и деца и ги пренесува на безбедно место, а пристапот до „Дивата населба “ е целосно блокиран и под силно полициско обезбедување.