Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурата ќе се движи од 14 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурата до 23 степени.
Во понеделник ќе има повремен дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе придонесе дневните температури да опаднат.
Од вторник се очекува стабилно и суво време со пораст на дневната температура.