Полициската акција дефинитивно е завршена – терористите се елиминирани, ова го изјави помошникот министер за односи со јавност на МВР Иво Котевски . Уапсени се команданти од терористите и тоа според МВР се работи за следните лица
Мухамет Красниќи, командант Малишева
Мирсад Ндрецај, познат како командант Нато
Сами Укшини, познат како командант Соколи
Бекир Изај – алијас Бегу
Тројца од нив сами и се предали на полицијата. Групата броела околу 40 лица. На лице место е пронајден огромен арсенал на оружје. На униформата имале ознаки на УЧК а дел од нив се и припадници на таканаречената 113 бригада на УЧК.
14 тела во униформи се најдени во кучите каде се криеле терористите – чии идентитет ќе се утврдува дополнително. Од нив единствено е досега идентификуван Џафер Зумбери од Ѓаковица
Според МВР не е исклучено дека во просториите кои се уште се претресуваат и расчистуваат да има уште тела на загинати терористи.
Групата влегла во Македонија во почетокот на месецов, а планот бил во Мај да почнат со напади на цивилни места и полициски станици
Официјално 8 загинати полицајци – 37 повредени во акција