Официјално: Најдени 14 ТЕЛА ВО УНИФОРМИ НА УЧК – 5 КОМАНДАНТИ лидери на групата


Полициската акција дефинитивно е завршена – терористите се елиминирани, ова го изјави помошникот министер за односи со јавност на МВР Иво Котевски . Котевски рече дека вчера се предадле повеќе од 30 терористи, главно македонски државјани, но и еден албански државјанин. Тие денеска ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка.Уапсени се команданти од терористите и тоа според МВР се работи за следните лица

Мухамед Красниќи, познат како Командант Малишева,

Мирсад Ндрецај, познат како командант Нато,

Сами Ушкини, односно Командант Соколи,

Беи Ризај и Дем Шеху.

Тројца од нив биле во групата што вчера ѝ се предаде на полицијата.

фото: Коха.мк

фото: Коха.мк

Тројца од нив сами и се предали на полицијата. Групата броела околу 40 лица. На лице место е пронајден огромен арсенал на оружје.  На униформата имале ознаки на УЧК а дел од нив се и припадници на таканаречената 113 бригада на УЧК.

14 тела во униформи се најдени во кучите каде се криеле терористите – чии идентитет ќе се утврдува дополнително. Од нив единствено е досега идентификуван Џафер Зумбери од Ѓаковица

Според МВР не е исклучено дека во просториите кои се уште се претресуваат и расчистуваат да има уште тела на загинати терористи.

Групата влегла во Македонија во почетокот на месецов, а планот бил во Мај да почнат со напади на цивилни места и полициски станици

Најголемиот дел од нејзините 50-тина членови се од Косово и Прешево, но имале логистика и од локалното население во мал обем.

Откриени се од македонската полиција во соработка со странски служби, кои исто така работат на сузбивање на преостанатите терористи.

При вчерашната акција на полицијата, локалното население е користено како жив штит и заложници од терористите, а само неколкукумина им помагале во дејствијата против полицијата. До утринава во обвинителство беа испрашувани 30-те приведени цивили за кои се утврдуваше кој им помагал на терористите, а кој не.

Официјално Во акцијата загинале осуммина полицајци, а 37 се повредени. Котевски рече дека досега нема пријавено жртви од цивилното население.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1