Операцијата за разбивање на терористичката група во кумановската „Дива Населба“ е завршена. Групата која беше стационирана во неколку објекти и преставуваше закана по безбедноста на граѓаните на Република Македонија е целосно неутрализирана и елиминирана, изјави портпаролот на Мивистерството за внатрешни работи Иво Котески.
Според сомненијата, како што информира Котески, лидери на групата се озлогласените Мухамед Красниќи т.н Малишева, Мирсад Ндрецај т.н. командант Нато, Сами Укшини т.н. командант Соколи, Бег Ризај алијас командант Бегу и Дем Шеху, алијас Јунику, сите косовски државјани.
На лице место досега се пронајдени 14 тела во униформи чиј идентитет дополнително ќе се утврдува. Засега е препознаен Џафер Зумбери од Џаковица.