Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ се последните двајца загинати полицајци во престрелките во Куманово, кои денеска им подлегнаа на повредите по судирот со терористичката група.
Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ, Горан Стојменовиќ, Жарко Кузмановски и Ненад Серафимовски се имињата на загинатите бранители.
Премиерот Никола Груевски денеска рече дека загубивме 8 херои, кои заедно со нивните колеги, спречија убиства можеби на 8 илјади луѓе.
– Слава им.Нивниот патриотизам и херојство ќе биде пример и водилка на многу наредни генерации. Нивната жртва нема да се заборави, рече Груевски.