Хрватската полиција во саботата во ноќните часови го уапси Чехот Вит Једличка при обид да влезе во државата Либерленд, која тој ја прогласи во април на територијата на ,,ничија земја” меѓу Србија и Хрватска, јавија чешките медиуми.
Повикувајќи се на хрватските медиуми, Чесите пренесуваат дека бил уапсен и неговиот преведувач Свен Самбуњак.
Официјалните органи во Чешка одбиваат да коментираат за самопрогасената нова држава Либерленд, а во врска со притворот на Једличка објаснуваат дека тие реагираат кога чешкиот граѓанин од нив ќе побара помош.
Во последните денови хрватската полиција ги заостри контролите во околината на Либерленд за да спречи граѓани да влегуваат на ненаселеното место. Пристапот од својата страна го забрани и Србија.
„Слободна Република Либерленд“, Једличка ја прогласи на 13 април на територија од седум квадратни километри, западно од српскиот град Сомбор, на српско-хрватската граница, долж течението на Дунав, замислена како даночен рај со основни принципи ,,живеј и остај не да живееме”.
Веќе во првите неколку денови, околу 300.000 луѓе побараа државјанство од новата република.
Хрватска и Србија негираат дека се работи за ничија земја и велат дека реално тоа е област која им припаѓа на двете балкански држави. Проблемот е во тоа што на дел од границата тече реката Дунав која во тој дел го сменила својот тек