Човечката душа станува бесмртна?


Футуристот и иноватор Реј Курцвел смета дека концептот на сингуларност ќе означи спојување на луѓето и машините – луѓето ќе ја аплоудираат својата душа во компјутери т.е. роботи, за да постигнат бесмртност!

Вештачката интелигенција ќе го достигне нивото на човечката за 20 до 40 години, а потоа и ќе го надмине, сметаат научниците.

До крајот на 21 век, роботите ќе бидат попаметни од луѓето и тоа не само во шах, туку во речиси се, математика, инжинерство, наука и медицина.telo smrt napustanje

Многу професии ќе исчезнат, бидејќи машините ќе ги преземат работите. Единствено, поради природата на својата работа, забавувачите и писателите, како и уште некои многу креативни занимања, можат да преживеат за некое време.

Во еден момент компјутерите ќе почнат сами себе са се програмираат и ќе бидат во состојба да апсорбираат огромна количина на информации и да ги обработуваат на начин на кој луѓето, како ограничени суштества, нема да бидат во можност тоа да го прават.

Како што објаснуваат научниците, компјутерите ќе бидат во состојба да работат секој ден и секоја секунда, без потреба за сон или годишен одмор.

Што ќе се случи со пазарот на трудот во ера на целосна машинизација на човештвото?

Милиони млади луѓе ни сега немаат работа, а посебно нема да ја имаат за некоја деценија кога вештачката интелигенција ќе почне да ги презема работните места.

Иако тоа звучи како фантастика, апаратите со моќна вештачка интелигенција, помоќна од човечката, можат да станат директна закана за човекот.

Еден ден, во подалечна иднина, меѓу луѓето и роботите, т.е. машините, може да дојде до борба за ресурси?!

Ако е доволно паметен, роботот кој е дизајниран да игра шах може да посака и да изгради вселенски брод – предупредуваат научниците.

Роботите кои ќе бидат оспособени за рационално размислување можат да почнат да ги прошируваат своите функции до идеи за само-опстанок, а во тој момент можно е да тргнат во поход со превентивни и активни напади на сите потенцијални закани, па и на својот креатор – човекот.

Некои футуристи сметаат дека треба да се воведе забрана за развој на супер-интелигентни компјутери и така да се ограничи оваа долгорочна опасност, додека луѓето сеуште држат се во свои раце.

Меѓутоа, наведуваат други научници, борбата за економска, воена, па дури и уметничка надмоќ е неодолива за човекот.

Како пример, многумина ги наведуваат беспилотните авиони на американската војска. Кога Американците почнаа со нив да убиваат луѓе на далечина, во Јемен, Пакистан, сите се згрозуваа. Меѓутоа, денес секоја воена сила која држи до себе ја развива токму таа технологија, од Иран, Русија, Северна Кореја до Кина…

Речиси сите сериозни научници и други кои работат на полето на развојот на вештачката интелигенција, веруваат дека машините на крајот ќе ги надминат луѓето.

Повеќе не се води дебата околу тоа кога ќе се случи тоа, туку како тоа ќе изгледа. Некои од важните прашања гласат: како да се натераат машините да го преземат човечкиот систем на вредности? Како со нив да се преговара ако нивните вредности бидат поинакви?

За сега такви стравувања сеуште нема, бидејќи на пример познатиот супер компјутер за шах Дип Блу, нема амбиција да презема човечки ресурси. Но, тоа е само почеток на развојот на исклучителната вештачка интелигенција.

Тој процес ќе оди така што компјутерите ќе стануваат се попаметни и ќе работат се побрзо. А потоа машините можат да се обидат да го надмудрат човекот, да го уценуваат, манипулираат или да му се закануваат…

Некои експерти на подрачјето на вештачката интелигенција предупредуваат дека пред нас е една од најголемите транзиции во историјата и дека се наоѓаме во состојба еднаква на таа кога едноклеточниот организам почнал да се претвора во повеќеклеточен?!

Во меѓувреме, луѓето веќе зависат од машините. А во Австралија експертите за развој на вештачка интелигенција од компанијата Алегис Глобал Солушнс покренаа пилот проект. Таму компјутер ќе одлучува за тоа дали треба да се најде работник за привремена или редовна работа, треба ли да се вработи надворешен соработник или можеби тоа работно место да се препушти на вештачката интелигенција.

Технолошкиот гигант ИБМ најави најголеми масовни откази во последните 20 години – наведуваат научните портали.

Некои експерти сметаат дека зад се се крие силно јакнење на улогата на вештачката интелигенција, вклучувајќи го интелигентниот компјутер по име Вотсон, за кој се потрошени повеќе милијарди американски долари!

Од овој апарат се очекува да го преземе потенцијалниот дел од работата во низа корпоративни одделенија на ИБМ, вклучувајќи ја и корисничката поддршка, бидејќи Вотсон може да одговара на прашања на корисниците, како и во областа на продажбата, маркетингот и финансиите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1