Сложената политичка ситуација ги брка туристите, постои ризик туристичката сезона годинава да продане. Директорот на Агенцијата за промоција на туризмот, Кристијан Џамбазовски, за Сител вели дека ако до вторникот не бил откажан ниту еден аранжман, од пред два дена наваму откажани се речиси сите тури од Србија и Бугарија.
Од Холандија, од каде годинава се очекуваа околу 12.000 гости, засега нема откажување на чартери, но се поголем број од туристите ги следат препораките на министертсвто за надворешни работи и ги откажуваат аранжаманите што на крај ќе придонесе да не може да се пополнат чартерите и летовите нема да се реализираат, вели Џамбазовски.
Заради ова Агенцијата за промоција на туризмот за утре свика итна седница на советот на кој се поканети и туроператорите и претсвниците на коморите. Ќе се бара решение за новонастанатата ситуација која се заканува да ја уништи овогодинешната туристичка сезона, а ќе има негативно влијание и на наредните.
„Почнавме една многу убава сезона за првомајските празници, се надевавме дека тоа ќе продолжи, но последната недела има многу тензии ид оста сер зборува за откажување на аранжмани доколку ситуацијата не се смири, можно е секторот да крахира. За да се врати довербата кај странците и да се надомести загубеното би биле потребни години“, порача минатаа недела Крсте Блажевски од ХОТАМ .
Според надлежните, проблемот настанува во погрешната интерпретација на настаните во земјава од страна на медиумите и дома и во странство. Тоа предизвикува несигурност кај странските партнери и откажување на оганизираните патувања кон Македонија од сите странски држави, вели Џамбазовски.
Годинава се очекуваше трендот на раст на туризмот да продолжи. Интензивниот раст почна во 2011 година од кога важи политиката на субвенционирање, а лани беше достигнат рекорд со вкупно 62.000 странски гости во земјава.