Скандал: Дечиња во градинка сликани од странска НВО без дозвола од родители – уапсени на граница


МВР спроведува истрага за случајот со фотографирање на деца во градинки и основни училишта во Западна Македонија

Ова се дел од податоците до кои успеав да дојде Нова Македонија по алармирањето на родителите на децата по социјалните мрежи. Како што се дознава од безбедносните извори, на граничен премин се задржани три лица што сакале да излезат од земјава, а биле осомничени за вмешаност во случајот.

Истрагата е покрената по пријава на родител кон крајот на минатиот месец.deca gradinka

Според социјалните мрежи, станува збор за германска фирма која ги фотографирала децата без одобрение од родителите. Како што пишуваат, децата биле сликани групно и поединечно, а од нив биле земани и лични податоци.

Во Државниот просветен инспекторат изјавија дека ќе испратат инспектори на терен кои ќе извршат вонреден инспекциски надзор.

Инаку, по социјалните мрежи кружи и меморандум за соработка потпишан од министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми и извесна германска фирма што најверојатно се занимава со фотографирање.

Засега е неизвесно дали има и каква е поврзаноста на оваа фирма со фотографирањето и земањето лични податоци на малолетниците.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1