Ахмети преговарал со терористите во Куманово да се предадат


Во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М, лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека човек од вооружената група го побарал утрото на 09 Мај преставувајќи се дека е во борбите во Куманово и побарал од него да им овозможи коридор за да избегаат од градот.Ахмети изјави дека тој не можел да им го вети тоа но почнале преговори во посредство на ОБСЕ и Артан Груби како негов преставник со вооружената група.ahmeti

Со неговото посредување се предале 26 од вкупно 30 членови на групата. Тој направил обид и останатите да се предадат, но обидот завршил без успех. Ахмети рече дека на телефон разговарал со извесен Мухамед Красниќи. Благодарение на тие преговори 26 ца од вкупно 30 лица од вооружената група и се предале на полицијата а оние кои не сакале загинале.

Во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М, Ахмети кажа дека за неговата акција ја информирал амбасадата на САД и ОБСЕ, а лично му се јавил и премиерот Никола Груевски, кој бил сомничав дека е можно терористите да се предадат.

Лидерот на ДУИ во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М изјави и  дека раководството на ДУИ  имало  контакти со терористичката група која го нападна Куманово  при што загинаа 8 специјалци на МВР, а 37 беа повредени. Во прговорите учествувал Садула Дураку градоначалник на Липково од ДУИ, но иако разговарал со еден од водачите на групата Сами Укшини сепак не успеал да ги спречи нивните активности. Ахмети им укажал на Охридскиот договор но изјави дека не знае со која цел групата отишла во Куманово и кои се нивните барања.

Јас поголемиот дел од тие луѓе ги познавам. И пред една година знаевме дека тие нешто подготвуваат. Контактивме со нив преку наши пријатели и им укажувавме да не навлегуваат во такви активности.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1