Дежурните од ГОБ 8 септември се откажуваат од наградата – Ја даваат на полицајците


Медицинскиот персонал во ГОБ 8 септември кој викендот беше ангажиран за лекување и повредените полициски службеници во акцијата во Куманово се откажува од понудената награда (уште една плата) и истата сакаат да биде пренаменета за ранетите и семејствата на загинатите полицајци.

gradska bolnica

Според информациите на zdravstvo24.mk ваква одлука едногласно била донесена на вчерашниот редовен утрински колегиум на лекарите во болницата. За време на акцијата во оваа здравствена установа беа примени 11 повредени припадници на безбедносните сили. Шестмина поради сериозноста на повредите биле оперирани.
ВО болницата сеуште на лекување се 5 полицајци.

-Нивната здравствена состојтојба е стабилна и полека се операвуваат. Се надеваме дека во понеделник и тие ќе бидат пуштени на домашно лекување, велат за zdravstvo24.mk од ГОБ 8 септември.

Според информациите од болницата, во саботата многу лекари, сестри, техничари, анестезиолози… самоиницијативно и доброволно без да бидат повикани дошле на работа за да помогнат во третманот и лекувањето на ранетите и повредените полицајци.

Zdravstvo24.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1