Дачиќ: Вознемирени сме бидејќи Западот не го осудува албанскиот тероризам


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека Србија е вознемирена затоа што Западот не го осудува албанскиот тероризам, јави ТАСС

– Зошто идејата за селабанско обединување на Балканот не се осудува во голема мерка од страна на Брисел, Вашингтон и другите западни земји, нагласи Дачиќ во Белград на заедничката прес-конференција со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.ivica-dacic-1344625936-196563

Според Дачиќ, еден од терористите упесен при неодамнешниот инцидент во Македонија признал дека „цел на нивните активности е создавање на албанска држава“.

– Не треба да постојат двојни стандарди… Србија, Русија и цела Европа треба да бидат вознемирени од обидите за создавање на т.н. Голема Албанија и од политичките и терористичките активности поврзани со таа идеја, потенцира Дачиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1