Косовската полиција изврши претрес во домовите на терористите


Косовската полиција денеска изврши широка акција на цела територија на Косово, претресувајќи ги сите домови на лицата кои што учествувале во нападот во Куманово.teroristi_predavanje

Висок полициски функционер на косовската полиција за весникот „Експрес“ ја потврди акцијата, во во која беа запленети голем број на фотографии и други докази за лицата кои што учествуваа во вооружениот напад во Куманово.

Според портпаролот на косовската полиција, акцијата е презмена врз основа на обвиненијата на македонските власти дека вооружени лица од Косово планирале терористички напади чија цел била дестабилизација на Македонија.

Агенцијата потсетува дека најголемиот број од уапсените вооружени терористи во Куманово потекнуваа од Косово.

Некои од терористите вмешани во инциднетот се поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кои биле вклучени во конфликтите во Косово во 1999 година и во Македонија во 2001-та, наведува БТА.

Инаку, бројот на Косовци кои учествувале во нападот во Куманово е и официјално потврден, некои од нив се уапсени а за некои е потврдено дека се убиени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1