Од јули пониски цени за роаминг


Македонците кои  летово ќе патувтаа за  Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, една минута разговор со домашните ќе ги чини 17, 9 денари. Спогодбата која Македонија ја потпиша со овие три земји ќе значи поевтини разговори во роаминг за 73 отсто, цената на мобилниот интерент во роаминг ќе се намали за скоро 90 отст , еден мегабајт ќе чини 43 денари, пренесува Сител.iphone6666

Се спушта и цената на СМС пораките кон овие земји од 12,3 денари на 5,6 денари за порака. Новите цени важат од 30-ти јуни.

Се подготвува и нов правилник со кои треба да се утврди минимумот на квалитет кои треба да го испоралуваат мобилните оператори. Пред извесно време од АЕК соопштија дека  тие се незадоволни од квалитетот на мрежата кои тие  им го нудат на граѓаните. Новиот правилник е на јавна расправа и ако се биде во ред се очекува најдоцна од први јули да почне да се применува, а операторите кои нема да  го почтуваат АЕК до нив ќе поднесе прекршочни пријави.

Во последниве шет години разговорите во мобилната телефонија поевтиниле за 67 отсто.  А цените во роаминг предвидено е да продолжат да паѓаат и во наредните две години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1