Ова е човекот кој ослабе 180 кг. и си го спаси животот (Видео)


Во 2013 година на младиот Рони му рекле дека му остануваат уште само две години живот затоа што имал екстремно прекумерна тежина.

Тој донел клучна одлука да се бори за сопствениот живот и презел храбар и макотрпен чекор. После години немарност за своето здравје овој њујорчанец достигнал тежина поголема од 300 килограми.debelina

Здравата и урамнотежена исхрана и редовните тренинзи довеле до следните резултати – Рони изгубил 180 килограми. За тоа му биле потребни 2 години.

Освен зборовите на лекарите кои делувале мотивирачки врз Рони, тој во процесот на слабеење имал и еден посебен метод – песните на Тејлор Свифт. За сето време додека се борел со килограмите крај него бил и неговиот пријател и поранешен професор Џо Буфано, кој сега сака да го награди истрајниот Рони.

За некое време двајцата ќе одат на концертот на омилената пејачка на Рони, а се надеваат дека таа ќе има време и желба да се запознае со големиот фан. Неговата трансформација и труд се прикажани и во видеово кое на најдобар начин ја илустрира неговата волја. Видеото е објавено на Јутјуб и за да допре до музичката ѕвезда.

Освен што ќе ја увери Тејлор Свифт дека нејзината музика има посебна силина видеото, веројатно, ќе делува и како мотивација за оние кои сакаат да тргнат по патот по кој поминал Рони.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1