Груевски, Заев, Ахмети и Тачи седнаа на втора лидерска средба


Започна лидерската средба на претседателите на четирите најголеми партии во Македонија во присуство на амбасадорот на САД, Џес Бејли и претставникот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Средбата во Клубот на пратеници повторно се одржува во присуство на американскиот амбасадор Џес Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав, кои први пристигнаа и влегоа на состанокот. По нив влегоа Ахмети и Тачи, потоа Заев, а на крајот Груевски.  gruevski zaev ahmeti taci

Ова е втора средба откако минатата недела Заев и Груевски изјавија дека ќе ја дефинираат рамката на дијалог но и двајцата рекоа дека се песимисти во однос на започнувањето на политички дијалог. Инаку, средбата е продолжеток на состанокот што почна во четвртокот, со цел излез од политичката криза во Македонија, каде присутните единствено потпишаа заедничка изјава која се однесуваше на правото на протест.

 

Според досегашната реторика на опозицијата, Заев останува на барањата за формирање на преодна влада и овозможување на фер и демократски избори.

Според неофицијални извори, на првата средба пак ДУИ излегле со предлог за мала реконструкција на владата без притоа да прецизираат на што точно се мисли.

Втората средба во Скопје е во тек, и се одвива зад затворени врати во Клубот на пратеници. Утре Груевски и Заев заминуваат на средба во Стразбур.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1