Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, утре пак ќе се сретнат во Стразбур, во обид да ја решат политичката криза, потврди за „Мета“ Илија Димовски, пратеник од владејачката партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ дознаваме дека тие немаат намера да прифатат техничка влада. Исто категорични во своите барања се и од СДСМ.
Петре Шилегов, портпаролот на партијата, за „Мета“ изјави дека сè уште останува предлогот на СДСМ, ако тоа помогне за излез од кризата, и двајцата лидери, и Заев и Груевски, да си поднесат оставка.
Шилегов тврди дека имињата што во последно време се споменуваат во јавноста како премиери на преодната влада се само шпекулација.
Мета.мк