Нема конкретен договор ни по денешната, трета лидерска средба. Се разговарало за состанокот во Стразбур. Повторно седнување на заедничка маса е договорено за идната недела.
Во Клубот на пратениците во Скопје заврши двочасовната средба на лидерите на четирите најголеми партии во Македонија.
На заедничка маса седнаа лидерот на владејачката партија Никола Груевски, претседателот на СДСМ Зоран Заев, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи, за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во земјата.
-На денешната средба воглавном се случу брифирање односно информирање на претседателите на ДУИ и ДПА за разговорите кои се случуваа во Стразбург и беше договорена следната средба да се одржи во ваков формат на почетокот на следната недела, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
На денешната средба, на која како набљудувачи присуствуваа амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав, Груевски и Заев ги информирале Ахмети и Тачи за минатонеделните разговори во Стразбур во кои посредуваа европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан, Ричард Ховит и ервокомесаорт Јоханес Хан.
Следна лидерска средба е најавена за почетокот на следната недела.