Стабилна состојбата на затруените во Скопје – ресторанот затворен


Привремено затворен скопски ресторан откако петмина гости со симптоми на труење завчера завршија на Инфективна. Од Клиниката информираат дека четворица поминале  само со амбулантски преглед,  а еден е задржан на болничко лекување и е во стабилна состојба. Според веќе направената епидемиолошка анкета, лицата биле на матурска прослава, информира Сител.plomba

Поради мачнина и повраќање морале да побараат лекарска помош.  Во текот на вчерашниот ден во ресторанот биле екипи од Центарот за јавно здравје, санитарниот инспекторат и агенцијата за храна и ветеринарство. Земале брисеви од работни површини и од храната која ја затекнале. Истите треба да покажат дали и од што настапило труење. Објектот ќе биде под клуч се до добивање на резултатите и повторен контролен преглед од надлежните. Дотогаш во ресторанот мора да биде направено генерално чистење и дезинфекција, како и вонреден здравствен преглед на вработените.

infektivna_3

Со зголемување на температурите  и бројните прослави овој период, почна и сезоната на труења со храна. Од Агенцијата за храна и ветеринарство со препорака – посебно да се внимава при чувањето и транспортот на лесно расиплива храна. Како најризични за овој период ги посочуваат подготовките од јајца, млеко и месо.

– Овошјето и зеленчукот пред јадење да бидат темелно измиени . Да се гледа рокот на употреба на храната, истата да биде подготвувана на чисти површини, веднаш да се консумира и да не се подгрева. Пред секој оброк рацете задолжително да се мијат

Сител.мк

Труење со храна во познат ресторан во Скопје – 5 во болница меѓу кои и деца

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1