Труење со храна во познат ресторан во Скопје – 5 во болница меѓу кои и деца


5 лица завршиле во болница ноќеска со симптоми на труење со храна. Мачнина, повраќање па дури и крварење се појавиле кај дел од гостите кој конзумирале храна во еден скопски ресторан.

Според информацијата сите кои побарале медицинска помош биле на матурска прослава во познат скопски ресторан. Симптомите на труење започнале веднаш по прославата и уште во текот на ноќта 4 од нив побарале помош во инфективната клиника, а едно лице во болницата 8 Септември.

infektivna_3

Според информациите меѓу затруените има и 2 дечиња. Едно од лицата со потешко труење е задржано на лекување во инфективната клиника. Нема информации каква е состојбата на останатите.

Според неофицијалните информации  лекарите се сомневаат на плескавицата која заболените ја консумирале.

Според информациите кој до Mknews ги доставија читатели ,,отруените,, биле на прослава во ресторан во Тафталиџе. Името на ресторанот е познат на редакцијата но очекуваме потврда од инфективната клиника и поднесената пријава, пред да го објавиме. Во меѓувреме се обидовме да добиеме информација од ресторанот, но на вратата затекнавме лист дека објектот ,,се реновира,, иако според нашите читатели токму ноќеска таму се одржувала матурска прослава.

11303608_10152722664860194_416039250_n

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1