Вучиќ: Нема да бидеме убијци – Србија не е ДХЛ за да го испорача Шешељ во Хаг без процедура


Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека Србија не може да го врати лидерот на српските радикали Воислав Шешељ во Меѓународниот трибунал во Хаг, без претходно да ги испочитува сите неопходни процедури, јави Танјуг.

– Србија не е ниту Федекс, ниту ДХЛ, рече Вучиќ по повод одлуката на Апелативниот дом на Меѓународниот трибунал Шешељ да биде вратен во затвор на 26 мај.

vucic

Вучиќ рече дека е чудно тоа брзање, имајќи предвид оти Шешељ поминал десет години во затвор без да биде донесена пресуда.

– Какво е тоа брзање сега, ако не е желба да се предизвика политичка стабилизација во Србија, рече тој.

Тој потсети дека Шешељ почнал хемотерапија и ако почине кога ќе замине, „владата или премиерот ќе биде убиец“.

Претседателот на Националниот совет за соработка со трибуналот во Хаг Расим Љајиќ изјави денеска дека не треба да се создава напнатост во врска со враќањето на Шешељ во Хаг.

Тој истакна дека Србија се уште не добила официјално барање од судот и откако ќе го добие, владата веројатно ќе побара некои разјаснувања и дури тогаш ќе одлучи што да прави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1