По кратката пауза, опозициските „бомби“ продолжуваат и утре, пред Владата, се очекува наредната, 34-та по ред.
Во пакетот необјавени бомби се вистината за случувањата со затварањето на А1 телевизија, грозоморното злосторство кај Смилковското езеро, но и полициските акции Детонатор, Шпиoн и уште некои, за да слушнат граѓаните зошто истите биле правени.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека пред почетокот на објавувањето, биле спремени 102 папки, односно „бомби“ со докази за криминал и злоупотреби, а пред големиот граѓански протест било планирано објавување на 35. Објавувањето на 2 помалку, односно 33, го припишува на настаните во Куманово.