Трагедија: Удрил во застанат камион кај Градско – загинаа сопругата и 4 год син (Видео)


На автопатот Градско – Велес се случи тешка сообраќајна несреќа во загинале две лица, потврди МВР.Две лица меѓу кои едно 4 годишно дете го загубиле животот во страшната сообраќајна несреќа.

Според сведоците на настанот автомобил налетал на две товарни возила, кои имале сообраќајна незгода и се наоѓале на коловозот. Возачот од непознати причини не ги видел и со десната страна од возилото удрил во камионите.soobrakjajka policija nokj

Од ударот на лице место починале неговата сопруга родена 1981 година и четиригодишниот син кој седел на задното седиште.

Триесет и четири годишна скопјанка и нејзиниот четири годишен син загинаа додека сопругот, триесет и три годишнен скопјанец не е повреден во тешката сообраќајна несреќа што вечерва околу 19 часот се случи на автопатот Неготино – Велес непосредно пред наплатната рампа кај Градско.

Тие патувале во автомобилот марка Матиз со скопски регистерски таблички и најверојатно налетале на еден од двата камиони кои претходно на патот се удриле еден во друг. Матизот го управувал мажот додека негови сопатници биле жената и малолетното дете. Патничкото возило по ударот излетало надвор од патот. Тоа се случило само неколку минути откако претходно на автопатот во полесна сообраќајна несреќа се судриле двата камиони и додека возачите ја согледувале штетата.

Дума.мк
Video – Brif.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1