„Дамите“ и господата од борделот во Розенбург, Австрија, присуствувале на венчавката на својата омилена колешка Лусија (28). Оваа проститутка по два часа проведени со неа во борделот, ја запросил милионерот Клаус Швајкерт (58). Тоа било љубов на прв поглед, како во холивудската романса „Згодна жена“ (Pretty Woman), пишува виенскиот весник Osterreich.
Милионерот од Австрија шокираше со својата одлука, откако се заљубил во проститутка која ја изнајмил на двочасовно дружење. Швајкерт по двочасовно дружење излегол од соба и на сопственикот на борделот му соопштил дека ќе ја венча Лусија. Потоа ја фатил под рака и ја однел на шампањско.
Но, новопечената госпоѓа Швајкер не сака да се откаже од својот занает, па на новинарите им рекла дека ќе продолжи да работи како проститутка, на што нејзиниот сопруг само се насмевнал.