Тинејџерка од племето Јазиди открила низ каков пекол поминале таа и нејзината помлада сестра во рацете на џихадистите од ИСИС. Нивната исповед го ужасна светот.
Девојката која има само 17 години, открива како секој ден бирала измеѓу „смртта и смртта“. Тинејџерката раскажала дека била жртва на силување, камшикување и била горена со врела вода која ѝ ја истурале по бутовите кога не се потчинувала на барањата на нејзините киднапери, пишува Daily Mail.
Девојката тврди џихадистот Ал Русјах и неговите телохранители ја злоупотребувале и ја терале да рецитира молитви за време на злоупотребувањето.
Таа е во третиот месец од бременоста и носи дете од нејзиниот злоставувач. „Ме тепаше и секогаш покрај него имаше барем уште еден маж, кога имаше секс со мене“.
Тинејџерката била киднапирана минатиот август кога ИСИС го опколиле градот Шингал. Таа била одведена во Рак.
„Девиците беа издвоени и одведени во соба со 40 мажи. Тие покажуваа која ја сакаат. Мислев дека можеби ќе имам среќа да ме избегнат затоа што не бев убава како останатите“, раскажала девојката. Се излажала.
Ал Русјах од Чеченија ја купил неа, нејзината десетгодишна сестра и уште две девојчиња за само десет минути.
Додека не` одведуваа, мајка ми си ја кубеше косата и врескаше“, раскажала девојката.
Нејзиното сведочење опишува како мачителот станувал, ги мирисал девојките и така бирал со која ќе го започне денот, а другите би им ги оставал на телохранителите. Тие биле толку груби, што чувствувала олеснување кога ја одбирал Ал Русјах.
После девет месеци, Ал Русјах и телохранителите биле убиени кога ги нападнале курдските војници. Тогаш, девојките побегнале.
Сепак, тоа не значи крај на нивните маки, затоа што Јазидите сметаат дека тие се извалкани и прашање е дали воопшто ќе ги примат назад.