Во 18.30 часот, утре со Маршута: Камп на слободата пред Влада, Илинденска (Министерство за одбрана), Рузвелтова (Агенција за млади и спорт), Партизанска (библиотека „Браќа Миладиновци“), Климент Охридски, Камп на слободата пред Влада, ќе се одржи голем демонстративен марш организиран од граѓаните за Македонија.
– Ние, граѓаните, на 3 јуни 2015 година, среда, во 18.30 часот, масовно ќе го изразиме својот револт од актуелната власт и ќе бараме оставка од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Граѓанскиот протестен марш ќе започне од кампот на Слободата пред Влада и ќе продолжи низ улиците на Скопје.