20-годишната Кристина Фењсароши која на 3 јуни исезнала во Лондон се јавила телефонски на своите родители во Србија. Нејзината мајка Тимеа за српски „Курир“ потврдила дека Кристина се наоѓа во болница.
– Само кратко ми порача да не се грижиме и да дојдеме по неа во Лондон. Сега ништо друго не е важно, но повеќе никогаш нема да дозволиме да оди во странство да работи. Многу лоши работи ни се свртеа во глава изминатитите денови. Се договоривме мојот сопруг да оди во Лондон и да ја донесе Кристина. Среќни сме што оваа драма заврши – изјавила Тимеа Фењароши.
Според зборовите на родителите Кристина преку една агенција пред три недели заминала во Лондон да работи, а пред неколку дена таа не се појавила на работа во Ројал Гранд хотелот, од каде и се губи секаква трага.
Дека нешто чудно се случува, нејзината мајка заклучила откако по неколку испратени пораки на нејзиниот профил на Фејсбук, Кристина не и одговорила.
– Така комунициравме откако пред три недели замина за Лондон да работи. Стапив во контакт со нејзината цимерка која и порано работела во Лондон. Таа ми потврди дека Кристина исчезнала и дека никаде ја нема – изјавила мајката на девојката.