Екипи на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот МВР и остатанатите младински организации и здруженија ќе бидат формирани тимови кои ќе ги посетуваат дискотеките, кафулињата и сите останати места каде младите најчесто се собираат и каде се консумира алкохол.
Во првите пет месеци од годинава 39 лица загинале во сообраќајни незгоди, вели статистиката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. во летниот период бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди бележи тренд на зголемување. Најчесто во тој период во сообраќајни незгоди страдаат млади лица, а главна причина за сообраќајните незгоди е алкохолот односно управување на моторно возило под дејство на алкохол, информираат од Републичкиот совет.
За таа цел, најавија кампања против употреба на алкохол на учесниците во сообраќајот насловена како „Вози трезен – стигни жив”. Оваа кампања ќе се реализира во текот на летниот период на територијата на цела Македонија и ќе се спроведува во соработка со Министерството за внатрешни работи и останатите партнери.
Во рамките на кампањата „Вози трезен – стигни жив” ке бидат изработени голем број на сообраќајно едукативни материјали, флаери, фрешери, плакати, налепници и ќе биде организирана нивна дистрибуција до сите млади. Имено од страна на РСБСП, МВР и остатанатите младински организации и здруженија ќе бидат формирани тимови кои ќе ги посетуваат дискотеките, кафулињата и сите останати места каде младите најчесто се собираат и каде се консумира алкохол.
При овие посети покрај тоа што ќе бидат поделени сообраќајно едукативни материјали, доброволно ќе бидат правени алкотестови при што во зависност од резултатите ќе биде доделуван црвен или зелен картон. Целта на оваа акција е преку непосредна комуникација и разговор да им се укаже на младите за опасноста од консумирање алкохол и управување моторно возило под дејство на алкохол, најавија од РСБСП.