Триесет и петгодишната Н.Р. од тетовското село Нераште, вчера попладне околу 16 часот се самоубила со бесење, што го извршила во плевната до нивната куќа.
Нејзиното безживотно тело го пронашла помладата сестра, која прва забележала што се случило и ги повикала другите за да ја извадат надвор од плевната.
Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле комплетен увид и при тоа не се пронајдени траги на насилство, а телото му е предадено на семејството за погребување.