ВИДЕО: Тонела со својот коњ во жив песок, но подоцна се случило нешто што го расплака светот!


Љубителот и сопственик на коњ, Никол Грејем, тргнала на попладневно јавање со својата ќерка на плажа во близина на Мелбурн, кога се случило нешто што ќе го памети цел живот.

Љубителот и сопственик на коњ, Никол Грејем, тргнала на попладневно јавање со својата ќерка на плажа во близина на Мелбурн, кога се случило нешто што ќе го памети цел живот. Иако оваа несреќа се случила пред три години, снимката од настанот повторно стана барана на интернет.konj.jpg-500

Додека јавале, паднале во жив песок со своите миленици. Иако нејзината ќерка, коњот од ќерката и таа сами успеале да се извлечат, другиот коњ Авалон (18) останал заробен во песокот. Големото животно тонело сè повеќе во живиот песок, а жената останала со него три часа и му ја држела главата.

Со тоа што се обидувала да му помогне и самата пропаѓала сè повеќе. Исцрпената жена се борела со времето додека надоаѓала плимата, а на коњот му останувало сè помалку простор за дишење. Со оглед на неговата тежина од преку 500 килограми, на почетокот уште повеќе се заглавиле.

Пожарникари, ветеринари и близок фармер морале да се борат со часовникот кој покажувал дека наскоро ќе дојде плима која значела и сигурна смрт за Авалон.

После три страшни часа борба, спасителите успеале да го извлечат Авалон и храбрата жена од смртоносната замка. Откако биле спасени, Грејем рекла дека срцето и’ се кинело додека го гледала коњот како тоне сè подлабоко и се бори да ја одржи главата над површина за да дојде до воздух.

Паднавме во жив песок и паѓавме само надоле. Песокот беше насекаде и секој пат кога ќе се обидев да се помрднам, ме влечеше уште подоле”, раскажала Никол кога се нашла на цврста земја.

Спасителите кои дошле на самото место не можеле самите да го извлечат коњот, туку морале да ангажираат и трактор од локалниот фармер. Откако неколку моменти било неизвесно дали и тракторот ќе успее во тоа, над плажата кружел спасувачки хеликоптер како последна надеж дека ќе се спаси животното.

Тоа беше трка со плимата, која за среќа ја добивме”, рекол член на спасувачкиот тим.

Според неговите зборови, повеќето коњи кои се наоѓаат во ваква ситуација не успеваат да се извлечат, а Авалон и  го должи животот на својата сопственичка која го ризикувала сопствениот за да го спаси.

Sitel.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1