Полициските психолози заклучиле дека момчето поседува коефициент на интелигенција над 140, но дека од друга страна ги покажува првите знаци на психопатија.
Неговото тело го откри мештанинот Јован Грујиќ кој веднаш ја известил и полицијата. После обдукцијата било утврдено дека смртта настапила со давење и дека на телото немало знаци на насилство – врзувања и повредувања.
Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека помладиот брат на настраданиот Стефан ја измислил целата приказна за киднапирањето. Поради тоа, полицијата, помеѓу останатото, испитува дали тој на некој начин е и одговорен за смртта на својот брат. Телото на Стефан било пронајдено во реката Караш, на околу 400 метри од селото. На тој потег нуркачите во понеделникот трагале по момчето, бидејќи се сомневале дека можеби се удавил. Сепак, повеќечасовната потрага не дала никакви резултати.
На крајот Грујиќ, вчера околу 12.30 часот случајно го пронашол телото на несреќното момче. Тој ја известил и полицијата, а потоа со велосипед дошол до куќата на семејството Илиќ и им раскажал за трагедијата. Претходните два дена стотина полицајци без прекин трагале по дванаесетгодишниот Стефан, кој според приказната на неговиот брат Урош – бил киднапиран.
Како што момчето им раскажало на инспекторите, тројца непознати мажи ги пресретнале нив двајца на патот до куќата. Стефан го ставиле во багажниот простор на црн автомобил, но тој наводно успеал да побегне.
Деветгодишниот Урош потполно ја измислил приказната за киднапирањето, а за нештата да бидат уште побизарни – на полицијата и дал исклучително детални описи од осомничените и нивниот автомобил. Сето тоа потполно ги збунило инспекторите, кој во прв момент и ѝ поверувале на оваа приказна.
-Тој ни кажа дека неговиот брат бил киднапиран од страна на тројца Роми и дека едниот од нив имал тетоважа од змеј на рамото, вели извор близок на истрагата.
– Просто е неверојатно колку добро ги конструирал непостоечките ликови и ги опишал сите поединечно. Ние водејќи се по неговата приказна тргнавме во сериозна претрага по киднаперите.
Сосема случајно, автомобил кој што му одговарал на описот на Урош бил пронајден во Белград. Во најголема тајност била организирана акција со која координирал министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ. Доведени биле и кучиња трагачи во надеж дека можеби ќе го почувствуваат мирисот на исчезнатото момче.
После тоа, сопственикот на црното “пунто” за цело време бил следен, во надеж дека полицијата ќе ја одведе до Стефан. Но, нажалост, малиот Стефан за целото тоа време бил мртов, а тројцата киднапери биле само дел од фантазијата на Урош.
Претходните денови полициските психолози детално разговарале со Урош. Тие заклучиле дека момчето поседува коефициент на интелигенција над 140, но дека од друга страна ги покажува првите знаци на психопатија.
Се работи за исклучиво манипулативно момче, што е и очигледно со оглед на тоа дека успеа да измами огромен број на луѓе и да ја дигне целата полиција на нозе, продолжува изворот од српското министерство за внатрешни работи.
Урош во своето семејство е глава на куќата и неговите зборови апсолутно се уважуваат. Браќата безрезервно го слушаат, но истото важи и за родителите. Тој ги делигира работите, организира, планира. Психолозите кои што разговарале со него исто така забележале дека ги покажува првите знаци на психопатско и социопатско однесување. Во секој случај, се работи за едно многу чудно момче.
Лекарите молневито ја направиле обдукцијата врз починатото момче, а резултатите покажале дека Стефан има вода во градниот кош, односно дека се удавил. На грбот имал три модринки, но тие најверојатно настанале во текот на детската игра. На неговото тело немало видливи траги од насилство. Стефан не бил врзуван, ниту претепан и фрлен во вода. Маичката на Стефан била скината кога неговото тело било извлечено, но тоа најверојатно се случило додека неговото тело пловело во водата.